Смути од вишна и банана

од Stefanija Kuzmanovska
578 прегледи

Освежувачко смути од вишни за одличен почеток на денот.

Состојки:

– 1 1/2 чаши сок од вишна

– 1 банана исечена на половина

– 1 1/2 чаши замрзнати вишни

– 3/4 чаши густ јогурт

– свежи вишна и лисја од нане за украсување, доколку сакате.

Подготовка:

Исчистете ги вишните, а доколку сакате можете да ги ставите во замрзнувач еден час, а дури потоа да ги користите.

Ставете ги сите состојки во блендер. Мешајте сè додека убаво не се соедини.

За украсување користете неколку вишна и лист од нане.

Пријатно!

Слични содржини