Лин Спирс, мајка на поп-sвездата Бритни Спирс, ја принудила да го поништи бракот со нејзиниот прв сопруг Џејсон Александар, тврди адвокатот на пејачката Марк Голдберг.
Марк за „Дејли меил“ изјави дека парот не сакал да го поништи бракот, но на тоа го принудиле Лин и менаџерскиот тим на поп-sвездата.
„Мајката се мешаше во животот на нејзината ќерка. Дојде во Лас Вегас, го избрка Џејсон и му даде авионски билет за дома“, изјави Голдберг за „Дејли меил“.
Двојката се венчаше во 2004 година во капела во Лас Вегас. Бракот траеше само 55 часа. Кога ја повикале Лин дека Бритни се омажила, таа наводно полудела.
Александар го контактирал Голдберг за помош.
„Тој побара совет. Тој беше многу емотивен и вознемирен. Бритни го повика да дојде во Лас Вегас. Таа беше таму со пријателите, колку што се сеќавам, и плати за неговиот авионски билет. Идејата на Бритни беше да се омажи. Тој рече дека тие не пиеле, ниту се дрогирале “, рече адвокатот.
Според адвокатот, Александар ја сакал Бритни и не сакал да ја повреди, но тој се плашел од нејзината мајка и од менаџерскиот тим. Овие изјави ги потврди Александар во подкастот „Toxic: The Britney Spears Story“.
„Тие ми рекоа дека ако потпишам поништување на бракот, дека ќе ми дозволат на мене и на Бритни да ја продолжиме нашата врска и ако се чувствуваме исто за шест месеци, ќе се венчаме. Немав причина да верувам во спротивното. Мислев дека тоа е вистина. Ни дозволија да комуницираме по телефон“, рече Александар и истакна дека еден месец по поништувањето на бракот, телефонот на пејачката мистериозно престана да работи.