СДСМ: Растот на просечната плата од 8,8 отсто е потврда за успешните економски политики на Владата

од Берта Китинска
181 прегледи

Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека просечната плата исплатена во месец мај изнесува 28.721 денари.Споредено со месец мај 2020, тоа е зголемување од 8,8 отсто, велат од СДСМ.

-Просечната плата експресно се движи кон 30.000 денари, што дава за право да веруваме дека до истекот на мандатот ќе го реализираме нашето ветување за просечна плата од 36.000 денари.Растот на платите не стагнираше ниту во време на пандемија, економска и здравствена криза, како и во време на пост ковид периодот, туку платите продолжија да растат во сите сектори.

Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во Индустриските зони и историски пад на невработеноста.Сите овие податоци покажуваат дека македонската економија е стабилна, развојна и динамична.Како социјалдемократска партија остануваме целосно посветени на интересите на граѓаните, на унапредување на нивниот животен стандард.Продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и стабилна економија која носи шанса на сите, соопштија од партијата.