312
Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин пред судот во Лос Анџелес се изјасни за невин по четири точки за силување и уште седум точки за сексуален напад.
Замениците на шерифот го доведоа 69-годишниот Вајнстин на суд со инвалидска количка. Тој носеше кафеав комбинезон и маска за лице, пренесува агенцијата АП.
Вајнстин беше екстрадиран во Калифорнија од Њујорк во средата, каде претходно беше осуден на 23 години затвор.
Сега му претстои второ судење во Калифорнија и можност за уште поголема казна.
Вајнстин беше осуден на 23 години затвор во Њујорк во февруари 2020 година за сексуално злоставување и силување, а во Лос Анџелес го бараа под обвинение за напад на пет жени, во периодот од 2004 до 2013 година.