Ерик Клептон одби да свири на настапи каде се бара потврда за вакцинација

од Stefanija Kuzmanovska
423 прегледи

Ерик Клептон нема да настапи на места на кои е потребен доказ за вакцинација. Како што изјави, тој не сака да настапи на ниту една сцена каде публиката е дискриминирана.

Имено, славниот музичар се одлучи на овој потег по објавата на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон дека од крајот на септември сите луѓе во оваа земја ќе можат да одат на концерт, натпревар, ноќен клуб со доказ дека тие биле вакцинирани со две дози вакцина против ковид 19.

„По објавата на премиерот во понеделникот, 19 јули 2021 година, чувствувам чест да се огласам со сопствена објава“, рече Клептон во изјавата објавена на Телеграм на архитектот и филмски продуцент Робин Моноти Грацијади, во која понатаму се вели:

„Сакам да кажам дека нема да настапам на ниту една сцена каде што е присутна дискриминирана публика. Ако не биде предвидено да присуствуваат сите луѓе, го задржувам правото да го откажам настапот“, рече музичарот.

Слични содржини