Пет позитивни македонски туристи меѓу вратените од Грција

од Берта Китинска
317 прегледи

Пет лица кои биле на летување во Грција се вратиле во Македонија се позитивни на ковид 19.

„Вратени се во завчерашниот ден. До овој момент решение за позитивни лица, упатени на домашно лекување имаме за 5 позитивни, 13 решенија врз основа на контакти. Епидемиолошката анкета која ја водат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје е се уште во тек и оваа бројка може да биде променета“, изјави денеска д-р Ирина Сотирова Бухова од Државниот здравствен и санитарен инспекторат по повод македонскиот автобус со млади лица кој се вратил од одмор во Грција.

Според неа, неофицијалните бројки се 26 патници, кои со таа група отишла на летување.

„Колку се точно вратени со истиот автобус, ДСЗИ до овој момент ја нема информација. Таа е важна за епидемиолозите од ЦЈЗ кои ги лоцираат контактите“, соопшти Бухова за ТВ Сител.