Коронавирусот ги „нападна“ холандскиот и чешкиот олимписки тим

од Nikola Popovski
313 прегледи

Уште двајца спортисти во Олимпиското село во Токио биле заразени со коронавирус, покажаа последните тестирања.

Како се наведува, холандската скејтбордерка Кенди Џејкобс и чешкиот пинг-понгар Павел Сирушек се заразени. Ќе мора да бидат ставени во карантин, објави „Спортклуб.хр“.

Во извештајот на организаторите се додава дека уште две лица во Олимпиското село добиле позитивни резултати и дека во последниот круг на тестирање биле заразени вкупно 12 лица поврзани со организацијата на Игрите. Од почетокот на јули, вкупно 91 лице, без разлика дали се спортисти, организатори, новинари или волонтери, биле позитивни на Ковид-19.

За потсетување, свеченото отворање на Олимписките игри е закажано за денес во 13 часот.

Слични содржини