Во Грција се трага по мигрантите кои исчезнаа откако потона нивната едрилица кај Крит, објави грчкото Министерство за бродарство.
Брод кој минувал ја забележал едрилицата откако испратил сигнал за помош и објавил дека започнала да тоне околу 60 наутички милји југоисточно од Крит, објави синоќа Ројтерс.
Досега се спасени околу 36 мигранти, додека хеликоптер, два брода на крајбрежната стража и други чамци кои пловеа во областа учествуваа во акцијата за потрага и спасување при силни ветрови.
Мигрантите соопштија дека вкупно 45 лица се наоѓале во едрилицата, соопшти Министерството.
Стотици илјади мигранти и бегалци ја користат Грција како главен влез во Европа.