288
Подолгиот интервал помеѓу првата и втората доза на вакцината против короноравирус на „Фајзер“ ќе предизвика имуниот систем да произведе повеќе антитела за борба против инфекцијата, открија британски научници.
Експертите велат дека ова откритие е во согласност со одлуката на Велика Британија да го зголеми интервалот помеѓу двете дози, во однос на првичната препорака на „Фајзер“ интервалот да биде три недели.
„Осум недели се чини дека е најдобриот временски интервал помеѓу примањето на првата и втората доза на вакцината во борбата против делта-сојот“, додаваат тие, пренесува Би-Би-Си.