335
„Во модерните демократски цивилизирани општества, вакво лишување од слобода е забрането и санкционирано. Судот пропушти да ги санкционира сторителите, при јасни докази и недвосмислени докази. Ќе вложиме жалба на сите околности, а сметам и дека ќе биде испратена порака дека ваквиот начин на апсење е дозволен и законит“ рече обвинител во процесот „Тортура“, Љубомир Лапе.
На забелешките од судот дека обвинението не било допрецизирано во однос на индивидуалните дејствија, Лапе одговара дека обвинението е јасно. Ослободителната пресуда, според него, испраќа и погрешна порака дека начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија е дозволен и законит.