Сугарески за навредливите коментари: Фајтерски ќе се борам за Прилеп

од Берта Китинска
276 прегледи

Поранешниот  директор на Царинската управа и актуелен кандидат за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески преку Фејсбук статус испрати порака дека ќе се бори со сите сили за Прилеп.

-Навредливите коментари од лажни профили ниту ќе ме уплашат ниту ќе ме демотивираат во намерата фајтерски да се борам за Прилеп. Лажните вести се одлика на безидејни луѓе, а личната неспособност на овие поедници е причината за безочното плуќање кое ниту поминало, ниту ќе помине кај мене. Мојата мисија е многу јасна, ЌЕ ПОБЕДИМЕ!, напиша Сугарески.

Слични содржини