Жена паднала од тераса во центарот на Скопје

од Берта Китинска
272 прегледи

На 22.07.2021 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Т.С.(34) од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса.

Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.