„ДОМ како зелена партија поддржува декриминализација и легализација на употребата на канабис за лично употреба и лично мислам дека нема зошто да не им се овозмоќи и на производителите со лиценци да го извезуваат тој сув цвет, затоа што е приход“, вели претседателката на партијата, Маја Морачанин во емисијата „Жешко политичко лето“.
Таа додава дека сепак не е во соодветно законот да оди со европско знаменце.
Во однос на зелената агенда на ДУИ, Морачанин смета дека партијата на Али Ахмети не претставува конкуренција за нејзината партија.
„Зелените теми не се само екологијата. Тука се и човековите права, борбата против корупцијата, владеењето на правото, родовата еднаквост итн. Зелената идеологија се цел комплет вредности што ги споделуваме да се профилираме како зелена партија“, потенцира таа.