„Барањата ги добивме во јуни и моментално ги привршуваме анализите. Трите компании за парно греење во Скопје бараат поскапување на цената, Најголемата БЕГ, која покрива речиси 90% од населението на Скопје побара покачување од 1,82 проценти на цената на парното, ЕСМ-Енергетика побара 67%, додека Скопје Север бара за 15,54 отсто поскапи сметки“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во дневникот на Тв Сител.
Тој информира дека во понеделник ќе добијат дополнителни податоци од компаниите, по што ќе се одлучи.
„Ние сме во насока граѓаните да добијат реална цена, може и ќе изненадиме“, додаде Бислимовски.
Според него, РКЕ ги штити интересира и на потрошувачите и на компаниите.
„Минатата година цената на парното беше иста, а од кога сум претседател на РКЕ, цената не се зголемила“, истакна Бислимовски.