ПРОДОЛЖЕНА СОРАБОТКАТА: Покетино ќе остане во ПСЖ до 2023 година

од Nikola Popovski
294 прегледи

Аргентинскиот фудбалски тренер Маурисио Покетино го продолжи договорот со Пари Сен Жермен до 2023 година, објави клубот од престолнината на Франција.

Управата на клубот од „Паркот на принцовите“ е задоволна од работата на поранешниот тренер на Тотенхем, иако минатата сезона не успеа да освои ниту титула во домашното првенство, ниту Лига на шампиони, кои беа една од целите на клубот.

Во текот на летото имаше гласини дека Покетино може да го напушти ПСЖ, но тоа не се случи. Спортскиот директор Леонардо го убеди Аргентинецот да остане и му вети засилувања од кои никој не може да биде незадоволен.

Со Жоржино Вајналдум, Серхио Рамос, Ашраф Хакими и Џанлуиџи Донарума кои пристигнаа и Нејмар и останувањето на Мбапе, тимот од Париз ќе биде навистина моќен.

Слични содржини