Според истражувањaтa градоначалничката Наташа Петровска е еден од најдобрите градоначалници во државата, ама тоа го мисли Зоран Заев. Да видиме битолчани што мислат, рече премиерот Зоран Заев одговарјаќи на новинарско прашање во врска со кандидатот за градоначалник на Битола.
-Првите истражувања покажуваат фаворитска основа и за неа и за уште неколку наши квалитетни луѓе овде. Но се надевам дека втората и третата анкета коишто се во тек ќе го кажат конечното, затоа што само тогаш можеме да кажеме дека ги слушаме граѓаните кои ни даваат мандат да сработиме и да оставиме зад себе задоволство. Секој пат можеме повеќе. Тоа што е сработено во Битола во минатите години мислам дека покрива два до три мандати на поранешните градоначалници што оставиле. Зошто? Заради тоа што затекнавме блокирана општина, сега е одблокирана, развиени се проекти буквално насекаде низ Битола, истакна Заев.