Граѓани реагираат: Искористени шприцеви, игли, картонски и пластичен смет расфрлан низ гробиштата во Бутел (ФОТО)

од Берта Китинска
432 прегледи

Медицински отпад, картонски и пластичен смет расфрлан низ гробиштата во Бутел.Ова е моменталната состојбата на гробиштата  во реонот на православните гробови во Алеа 2, велат загрижени граѓани кои до нашата редакција испратија неколку фотографии на кои се гледа  расфрлениот медицински отпад помеѓу гробните парцели.

-Од една страна има искористени шприцеви, игли, стаклени шишенца, амбалажи од антибиотици, гази, памук, шишиња за инфузии…Од другата страна, купишта картонски и пластичен смет и остатоци од исушени гранки до висина од еден метар, кои ги попречуваат патеките, кои ги поврзуваат гробните парцели.Дали ние граѓаните на Скопје, кои одиме да изразиме почит кон нашите најмили, кои заминаа од овој свет заслужуваме ваков потресен призор, иако, секој од нас редовно плаќа гробарина за одржување на гробиштата на Акционерското друштво за погребни и придружни активности Бутел?, прашуваат граѓаните.

Тие напоменуваат дека со самата гробарина која се плаќа треба да се врши  надомест за одржување на гробиштата.

-На веб страната на гробиштата во Бутел  пишува дека одржување на гробишта е тековно и инвестиционо одржување на комуналната инфраструктура и придружните објекти на гробиштата.Одржувањето на надгробниот споменик на гробното место го врши носителот на гробното место.Носителот на гробното место се обврзува редовно да плаќа гробарина на управителот на гробиштата заради одржување на гробиштата. Цената на гробарината годишно изнесува 320,00 денари, со можност да се плати однапред за наредните 5 години.Ако ние, кои ги посетуваме гробовите на нашите блиски ги почитуваме правилата на Бутел, секој сам да се грижи за одржување на надгробниот споменик на гробното место, за кој платил предходно и бездруго огромна сума пари, и за кој еднаш годишно плаќа гробарина, тогаш зошто тие, со средствата кои им ги уплаќаме на нивна сметка, не се грижат за комуналната инфраструктура на гробиштата, како што и самите напишале дека се обврзуваат?!, прашуваат граѓаните.

Слични содржини