Зелена дипломатија – новото нормално: Вработените во МНР ќе користат електрични тротинети (ФОТО)

од Берта Китинска
182 прегледи

Промоција на електричните тротинети, кои ќе ги користат вработените во МНР, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи.

–Практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина, напиша министерот на својот Фејсбук.