Стејт департмент: Јавните финансии и буџетските документи се транспарентни

од Марта Пешевска
191 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими преку својот фејсбук соопшти дека американскиот Стејт департмент ги оценил како транспарентни јавните финансии и буџетските документи.

„Министерството за финансии објавува податоци за извршување на буџетот месечно, за движење на јавниот долг квартално, а фискалната стратегија се ажурира годишно. Најзначајните чекори преземени за транспарентноста на јавните финансии се: фискален бројач, календар на даночна регулатива, апликацијата Граѓански буџет, поратлот Отворени финансии, алатката Капитални расходи и
алатката за јавен долг“, наведува Бесими.

Извештаите за инвестициската клима изработени од страна на Стејт департментот обезбедуваат информации за бизнис-климата на повеќе од 170 економии.

„Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија остануваат посветени на обезбедување транспарентност и отченост на јавните финансии и буџетските документи“, додава Бесими.

Извештајот во целост може да се прочита на https://www.state.gov/…/2021…/north-macedonia/.

Информацијата за оценката на Стејт департментот е објавена и на официјалниот фејсбук профил на Министерството за финансии.

Слични содржини