„Секој ден ме обезбедуваат 8 полициски службеници. Кога времето е топло, тие седат во ходникот од зградата кај што живеам. Не гледам причина зошто домашниот притвор треба да ми биде заменет со затворски“, изјави обвинетиот Миле Јанакиески од Кривичниот суд, по повод судењето за случајот „Организатори на 27 април“.
Тој додаде дека е 24 часа под надзор со едно или две полициски возила.
„Не е хумано четирипати да бидам носен од дома во затворот Шутка и обратно. Ова е изживување со човечки судбини“, потенцира Јанакиески.
Судот денес му одреди затворска казна на поранешниот министер за транспорт и врски од 6 години и 3 месеци поради организирање на настаните на 27 април 2017 година во Собранието.
За осудениот Обвинителството побара поределување мерка притвор до правосилност на пресудата.