Варан на чекор до потписот за Јунајтед

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан е близу до потпис за Манчестер Јунајтед.

Оваа информација ја потврди сигурниот спортски новинар Фабрицио Романо, а Французинот, иако е близу до трансфер на „Олд Трафорд“, сака да го исполни мандатот во редовите на „Кралскиот клуб“ до последниот ден.

Варан ги договори личните услови со Јунајтед и останува клубовите да се договорат околу обештетувањето. 28-годишниот дефанзивец пристигна во Мадрид во 2011 година од Ленс, а со мадриѓаните освои четири Лиги на шампиони.

За десетте години поминати на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тој одигра 360 натпревари за Реал, постигна 17 гола и забележа 7 асистенции.

Слични содржини