Министерството за здравство објави дека и утре продолжува теренската вакцинација во земјава. Здравствените власти апелираат граѓаните да се вакцинираат против ковид-19, бидејќи како што велат, тоа е единствениот начин да се спречи нов бран на пандемијата. Вакцинацијата, како што соопшти попладнево ресорното министерство, ќе се одвива во следниве населени места:
Тетово – Боговиње, Ново Село, Селца, Кече
Берово – Мачево
Гостивар – Балиндол, Турчане
Свети Николе – Павлешенци, Ѓуѓанци
Струмица – Василево
Неготино – Вешје, Д.Дисан
Пробиштип – Стрмош
Кочани – Грдовци
Кичево – Другово, Србјани, Пополжани, Манистирско Доленци
Битола – Беранци, Д.Српци, Лознани, Вашарејца, Новоелани, Ивањевци, Свето Тодори, Подино, Трновци
Македонски Брод – Брезница, Близанско, Тажево
Велес – Оризари