Фактот дека дел од казните за организаторите на 27 април ќе биде пресметан како куќен притвор, ги изедначува осудените за тероризам со учесниците во протестите. Тоа уште еднаш ги докажува сите наши и на Стејт Департаментот проценки дека имаме заробено судство од страна на актуелниот режим, велат од Алијанса на Албанците, како реакција на денешните пресуди во случајот „Организатори на 27 април“.
Според нив, објавените пресуди потврдуваат една вистина околу која веќе никој нема да има дилеми.
„Денешниот хибриден режим бил и ќе остане тесно поврзан со главните лидери на поранешниот режим, додека овие два режими имаат еден заеднички именител, политичката партија –Демократска Унија за Интеграција. Да бидете убедени дека еден ден во оваа земја правдата ќе пристигне и таа првично ќе пристигне за невините граѓани“, стои во соопштението на АА.