Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди Индонезија

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе областа во водите на островот Сулавеси во Индонезија.

Американскиот центар за геолошки истражувања објави дека земјотресот ја погодил областа 97 километри западно од градот Лувук, а бил регистриран на длабочина од 10,7 километри.

Првите информации укажуваат дека нема жртви.

Индонезиското биро за метеорологија, клима и геофизика не издаде предупредување за цунами.

Слични содржини