191
Регистрирани се нови 39 случаи на коронавирус и нема починати во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство.
Според нивните податоци, новозаразените доаѓаат од Тетово – 14, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2, Битола и Валандово – по 1.
-Направени се 3839 тестирања. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Тетово – 6, Скопје, Гостивар и Дебар – по 2, велат од од МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.