228
Меган Маркл не беше подготвена да го слуша кралското семејство и сакаше да наметне сопствени правила, тврди Том Квин, експерт за кралското семејство.
– Војвотката од Сасекс се бореше да ја дефинира својата улога во монархијата затоа што беше отпадничка – вели Квин, пренесува „Њуз Интернешнл“.
– Кралското семејство беше задоволно што можеше да ја претстави Меган како огнена феминистка затоа што тоа беше добро за нивната репутација – се согласуваат Квин и Емили Ендрус, експерт за прашањата на британското кралско семејство.
– Таа сакаше да биде феминистка под свои услови, беше отпадничка, а тоа е многу тешко во кралското семејство – додаде Квин.
– Мислам дека Меган не сакаше да слуша или да учи, таа сакаше да прави сé самата – заклучи Ендрус.