Изборниот законик доставен во Собрание?

од desk4
297 прегледи

Изборниот законик со најновите измени со кој се предвидува подигање на прагот на 2% за собирање на потписи за независни листи на кандидати за советници и градоначалници, најверојатно е веќе во Собранието, но не е доствен и до пратенците, рече пратеникот Димитар Апасиев за ТВ Сител.  Апасиев тврди дека не учествуавале во вакви измени на Изборниот законик.

-Изборниот законик со кој се планира воведување на минимален праг од 2% од запишаните избирачи за независните листи, најверојатно веќе е поднесен во Собранието, но, не и до пратениците. Ова е договор меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ затоа што сакаат во Собранието да го протуркаат зад затворени врати. Вакво законско решение нема да помине без тензии, особено што според ОБСЕ/ОДИХР Изборниот законик не треба да се менува шест месеци пред избори, рече Апасиев.

Блокада на Изборниот законик најави и Демократскиот сојуз. Лидерот на партијата Павле Трајанов рече дека ќе поднесат илјадници амандмани. Во сегашниот Изборен законик утврдениот број за собирање на потписи за незавсни кандидатури е фиксен. Во членот 62 од Изборниот законик пишува:

„За подносител на листа за кандидати за членови на совет, потписи се собираат од големината на општината или бројот на жители. Па така во општина до десет илјади жители засега потребни се само 100 потписи. За општина со 100 илјади жители потребни се 350 потписи, додека во општини со над 100 илјади жители 450 потписи“.

За собирање потписи за независна кандидатура во Град Скопје според постојниот Изборен Законик потребни се илјада потписи од запишаните избирачи на територијата градот. Со новите промени најавени од премиерот, според Избирачкиот список од локалните избори во 2017 – та година, ќе бидат потребни блиску 9000 потписи или 2 проценти од запишаните 440.000 избирачи на територија на главниот град.

Премиерот Зоран Заев за ваквата измена информираше денеска.

-Апсолутно не се работи за некој договор меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, тука беа и Алијанса, тука беа и Левица ги гледам коментарите, беа сите коишто учествуваа на самиот Предлог-закон, на крајот законот се носи во Собранието и секако таму може да се отвори дебатата што е соодветна. Утврден е праг, предлог од работната група до Собранието од два проценти. Два проценти значи, десет илјади избирачи, 200 потписи треба да соберат. Сто илјади избирачи, две илјади потписи, рече Заев.