ВМРО-ДПМНЕ и Левица се скараа!

од desk4
367 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и Левица доцна вечерва преку медиумите си разменија остри пораки.  Апасиев смета дека партијата на Христијан Мицкоски, ќе биде колатерална штета, затоа што учествувала во договорот за новите измени во Изборниот законик со кој доколу биде усвоен ќе се воведе минимален праг од 2% од запишаните избирачи за независните листи да добијат право да се кандидираат на претстојните локални избори.

По ваквата констатација на Апасиев, се јави преку фб пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.  Напиша дека Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата.

-Главна задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење. Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката. Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер. Че Гевара од човек со хонорари од СЈО, потопен во лукзус и раскош седејќи во скутот на Заев, не бива.
Од тука па во иднина ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев.
Задачата на Левица е да послужи на Заев како фиктивна опозиција која треба да го раздели опозициското ткиво.
Апасиев и Левица се најпосакуваното нешто на Заев. Впрочем таквата лажна опозиција се што правеше изминатиов период е пишување статуси на фб, по некоја пцовка, соблазнување, и празна реторика. Тоа е понудата на ваквата лажна опозиција, напиша Петрушевски на фб.

Апасиев во интервју рече дека пратеникот на Левица Борислав Крмов, учествувал на сите средби на работната група за  измените на Изборниот законик одржани во Клубот на пратеници но  дека никогаш не станало збор за воведување на праг од 2%.

-Беше дискутирано за 3% но, разговор за 2% за собирање на потписи за независни листи немаше. Оттука нашата констатација е дека големите партии односно широката коалиција на СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ ваквото решение си го договорија зад затворени врати и сега сакаат по експресна постапка да го протуркаат во Собранието, рече Апасиев.

Б.Т.