Низ целата држава се инвестира во развој на патната инфраструктура како никогаш досега. Владата предводена од СДСМ вложува преку една милијарда евра за подобрување на патната инфраструктура ширум државата со цел граѓаните да возат низ побезбедни и модерни патишта, велат од СДСМ преку соопштение.
Според нив, по 50 години за првпат се реконструира патот преку Националниот парк Галичица кој ги поврзува Охрид и Преспа.
-Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри, по што продолжува и спроведувањето на втората фаза од превојот на Галичица до приклучувањето на патниот правец Охрид – Свети Наум во должина од 15 километри.
Финиширана е реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Нижеполе – Ски центар „Стрежево“ во должина од 5,5 километри, во вредност од 36 милиони денари.
Потврда за инвестициите во секој дел од државата се капиталните инфраструктурни проекти кои се реализираат и во македонскиот Исток.
Регионалниот пат Крупиште – Пробиштип во должина од 18 километри е рехабилитиран и пуштен во употреба.
Изграден и пуштен во употреба е и автопатот Миладиновци – Штип. Изградена е првата фаза од експресниот пат од Штип до Крупиште, ја пуштивме во употреба и првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш, во септември е планирано да се пушти во употреба и делницата од Бучим до Радовиш, стои во партиското соопштение.