Во изминатиот период се соочивме со пандемија која драстично го смени начинот на живот, а за која немавме вакцина. Пандемијата го забрза напредокот во медицината и ги обедини научниците од целиот свет да работат деноноќно да создадат вакцина во интерес на сите нас, објави министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Според него, напредокот во медицината е само потврда дека се произведоа неколку видови вакцини против Ковид 19.
-Вакцините ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и делотворност, ефикасни се и се единствениот начин за заштита од вирусот и создавање на колективен имунитет. Апелирам до сите граѓани да се вакцинираат, да ја шират информацијата за безбедноста и придобивките од вакцините, истакнува министерот.