Апсење во Скопје поради трговија со дрога и оружје, приведен и полицаец

од Nikola Popovski
319 прегледи

Од рано утринава полицијата спроведува голема акција во скопски Сингелиќ и на уште неколку локации во градот, за апсења на лица поврзани со криминал, објавија од МИА, по добиени информации од лица блиски до истрагата.

Според објавеното, приведени се 12 лица, меѓу нив и полицаец, а сите тие се инволвирани во трговија со дрога и оружје.

Од МВР потврдуваат дека во тек е акција а повеќе информации се најавуваат по нејзиниот крај.

Слични содржини