Тренерот на македонскиот олимпиец и освојувач на сребрениот медал, Дејан Георгиевски се откажува од премијата на Владата. Дарко Костовски се огласи по одлуката на Владата и објави дека тој и неговиот брат се откажуваат од премијата што е доделени за нив.
-Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост ! За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ), објави тренерот Дарко Костовски.
Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.
Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.