Иако јавниот сервис обично трпи критики од граѓаните кои не се задоволни од нивното претежно пристрасно известување за претседателот на Србија и владејачката партија СНС – Александар Вучиќ, спортската редакција направи мал чекор напред, поради што доби пофалби на социјалните мрежи.
Новинарот на Српската радиотелевизија, додека им го приближуваше сурфањето на гледачите, спомена нов бран и објасни: „Не мислам на овој нов бран“.
Сликата на „Идоли“ потоа се појави на екраните, а во позадина беше песната „Нико, нико као ја“, додека на сликата од главата на еден од членовите на „Идоли“ беше залепен ликот на Александар Вучиќ. И тоа, ни помалку ни повеќе, туку на Небојша Крстиќ, експерт за маркетинг.
Сето ова предизвика смешни реакции на Твитер. Драгана Ракиќ, потпретседател на Демократската партија, беше меѓу првите што зборуваше.
„И оние од РТС Спорт почнаа да се шегуваат со Вучиќ. Среде емисија за Олимписките игри, тие ја монтираа главата на Вучиќ на телото на еден од членовите на групата „Идоли“, напиша таа на Твитер.
Потоа фотографијата ја сподели Срѓан Миливојевиќ, член на Главниот одбор на Демократската партија.
Pa on je GOTOV!….Bije i RTS pic.twitter.com/UYV350Lb1C
— Srđan Milivojevic (@srdjanmil037) July 27, 2021