258
Двете најголеми политички партии се плашат од независните листи и сакаат да направат се во нивна моќ со цел да не им ги помешаат нивните сметки, вели за ТВ 24 поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Новаковски.
– Ова се локални избори и не ја гледам логиката. Треба да им се остави на луѓето да бираат граѓани кои најдобро ги претставуваат нивните средини, а не само листите кои ќе ги поднесат овие 2 политички партии, вели тој.