„Ковакс“ очекува 250 милиони дози вакцина во следните 2 месеци

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Програмата за рамномерна распределба на вакцините „Ковакс“ очекува да прими 250 милиони дози вакцини против Ковид-19 во следните шест до осум недели, што донаторите ги наменија за помалку развиените земји, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Ковакс“, кој треба да им обезбеди на таквите земји бесплатна имунизација, а кој е финансиран и дониран од побогатите земји, досега подели 152 милиони дози во 137 помалку развиени земји.

„Ковакс“ се повеќе зависи од донациите од најбогатите земји во светот, кои купиле повеќе дози вакцини отколку што им се потребни, додека СЗО постојано ја осудува нееднаквоста во пристапот до имунизација помеѓу жителите на помалку развиените и богати земји, објави Хина.

Слични содржини