Вчера пристигнаа 38.400 вакцини „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот

од Andreja Salpe

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека синоќа пристигнале 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“ кои се обезбедени преку Ковакс механизмот.

„Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук профил.

Денеска се очекува и пристигнување на 100.000 дози „Синофарм“, донација од кинеската армија.

Слични содржини