Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово и Ростуше приведен на граница откако ја навредувал полицијата

од Vladimir Zorba

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово и Ростуше, Харис Ибраими ги навредувал полициските службеници на граничен премин, додека траеле проверките и бил приведен.

Тој ги дал документите за провека, но почнал да се расправа со полициските службеници дека предолго траат граничните проверки, а од вербална расправија реториката прераснала во омаловажувачка реторика кон полицискиот службеник.

Поради тоа, лицето било приведено со цел преземање на понатамошни мерки и документирање на фактичка состојба и било утврдено дека тој сторил прекршок.

На почетокот на месецов со омаловажувачки и навреднички однос кон полициските службеници се однесуваше и пејачот од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ Спасен Силјановски, кој се заканувал дека по 8 мај ќе одлучува за нивните судбини.

„Ќе видите што ќе ви се случи после 8 мај, патари ќе ве пуштам…сега ќе му се јавам на министерот за внатрешни работи, каде и да ве најдам цивил, ќе видите што ќе ви се случи“ се заканувал пејачот кон полицајците.

Слични содржини