„WhatsApp“ подготвува корисна промена

од Nikola Popovski

WhatsApp развива нова функција која ќе ви овозможи да ги контактирате луѓето директно од апликацијата, без претходно да ги зачувате како контакти во вашиот телефон, пренесува „WABetaInfo“.

Како што се наведува, функцијата е достапна за тестирање на оние која ја имаат бета апликацијата за „Android“, верзија 2.24.9.28.

Најверојатно, додава „WABetaInfo“, интернет податоците ќе се користат за повикување на овој начин, што значи дека повиците ќе бидат поевтини отколку кога ќе повикате некого во странство користејќи го „традиционалниот“ метод.

Сè уште нема детали за тоа кога оваа функција би можела да биде достапна за корисниците ширум светот, но обично не треба многу време пред да биде веќе во бета верзија.

Слични содржини