(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Популарна инфлуенсерка убиена пред нејзиниот дом

од Nikola Popovski

Ирачката инфлуенсерка Ом Фахад, чие вистинско име е Гуфран Савади, била убиена пред нејзиниот дом во Багдад, Ирак. Напаѓачот пристигнал со мотор, преправајќи се како доставувач на храна, по што ја застрелал, пренесува британски „Гардијан“.

Таа се прославила на ТикТок каде што објавувала видеа на кои танцува на ирачка музика.

Минатата година ирачката влада започна кампања за бришење на содржини од социјалните мрежи за кои верува дека ги нарушуваат нејзините традиции и морал. Беше формиран комитет на Министерството за внатрешни работи за пребарување на ТикТок, Јутјуб и други платформи за виде-клипови кои се сметаат за навредливи.

Во февруари 2023 година, Ом беше осудена на шест месеци затвор за споделување видео за кое судот оценил дека содржи непристоен говор што го нарушува моралот. Во меѓувреме, неколку други инфлуенсери беа уапсени поради истата причина.

Слични содржини