Османи не отпатува во Анкара поради пожарите во регионот на Анталија

од Nikola Popovski
144 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска престојува во официјална посета на Турција каде што ќе има средби со повеќе високи претставници на Република Турција, меѓу кои и со неговиот домаќин, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

-Денеска во Истанбул му ја врачив егзекватурата на Есер Џевахир, новоименуван почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција со седиште во Едрене. Турција претставува значаен економски потенцијал, затоа создаваме можности за привлекување на нови странски инвестиции, објави синоќа Османи.

Во рамки на престојот во Турција, Османи ќе посети и граѓани со потекло од Република Северна Македонија.

Сепак поради силните пожари кои се проширија во регионот на Анталија, тој мораше да ја одложи официјалната посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи, како што соопшти вчера изрази поддршка за тековната масовна противпожарна акција во Турција.