Талеска и Азески му врачија благодарници на Вучиќ (ФОТО)

од Nikola Popovski
370 прегледи

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес му беа врачена признанија за помошта што беше обезбедена за вакцинирање на граѓаните од Македонија за време на пандемијата на Ковид 19. Тој доби две благодарници од Македонската асоцијација на новинари и од Стопанската комора на Северна Македонија. Македонија.

– Се однесувавме нормално, како што би направиле сите луѓе. Нема што да бараме од македонскиот народ, не ни треба ништо друго освен братство и пријателство, ниту територија, ниту јазик, туку да имаме најблиски односи. Она што го правиме е нешто што е важно и ако успееме ќе направиме важни работи за нашите земји. Ново е што во следната година, две правиме се за да можеме да поминеме низ нашите три земји без граници – рече Вучиќ и се заблагодари за признанијата.

Благодарниците на српскиот претседател му беа врачени од претседателката на МАН, Ивона Талеска и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Слични содржини