Пронајдена марихуана кај лице од Охрид

од Nikola Popovski
159 прегледи

Полицијата приведе лице од Охрид кај кого била пронајдена дрога.

-Синоќа на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид бил приведен А.К. (31) од Ресен откако во неговото возило „фолксваген голф“ полицијата пронашла марихуана и прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.