Колумбиската пејачка Шакира, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, може да седне на обвинителна клупа во Шпанија поради евентуално затајување данок, објави ТАСС, повикувајќи се на шпанскиот весник „Ел Паис“.
Изведувачката нема да може да избегне судски спорови доколку не се договори со обвинителството во последен момент. По тригодишна истрага, судијата заклучи дека има доволно причини пејачката да оди на суд поради затајување данок. Обвинителите ја обвинија Шакира за шест даночни кривични дела, па доколку биде прогласена за виновна, таа може да добие казна затвор.
Во јуни 2019 година, пејачката сведочеше пред шпанскиот суд во случај на можно затајување данок. Изведувачката е осомничена за дела поврзани со затајување данок во периодот 2012-2014 година за вкупно 14,5 милиони евра.
Се верува дека од 2011 година Шакира живее во главниот град на Каталонија со дефанзивецот на шпанскиот фудбалски клуб Барселона Жерард Пике. Според шпанскиот закон, ако некое лице живее во земјата повеќе од шест месеци, тој автоматски станува даночен жител на Ибериското кралство. Ова значи дека тој мора да плати даноци за сите приходи, вклучително и оние што се примени во странство.
Шакира (44) е позната не само како пејачка, туку и како текстописец, танчерка, музички продуцент, кореограф и модел. Се смета за најуспешна пејачка од Латинска Америка, откако постигна успех и на музичките пазари во Латинска Америка и воземјите со англиското говорно подрачје. Таа има sвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес и важи за еден од најпродаваните уметници на сите времиња.