МТСП за градинката во Сопиште: Трпковски или не ги знае проектите во својата Општина или намерно ги лаже граѓаните

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Министерството за труд и социјална политика целосно ги демантира тврдењата на градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски дека новата градинка, клон на ЈОУГД „Виножито“ е финансирана од ИПА Фондовите.

„За жал градоначалникот Трпковски или не ги знае проектите во сопствената Општина или намерно и бескрупулозно ги лаже и манипулира граѓаните.

Изградбата и опремувањето на детската градинка во Општина Сопиште се целосно финансирани од Министерството за труд и социјална политика. За таа намена Министерството од својот буџет одвои 20.545.000 денари.

Во декември 2019 година и самиот Трпковски, во името на Општина Сопиште, потпишал Договор за соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Во интерес на вистината, но и со цел да го потсетиме градоначалникот Трпковски, во прилог го доставуваме Договорот за соработка меѓу МТСП и Општина Сопиште за изградба на градинката, на која министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска направи увид во градежните работи.

Ниту Трпковски, ниту лажните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го покријат фактот дека Владата предводена од СДСМ интензивно вложува во изградбата на детски градинки во целата држава. Само за изминативе 11 месеци отворивме 14 нови градинки, а до крајот на годината планираме отворање на уште 11 нови градинки“, се вели во демантот.

Слични содржини