Реал донесе одлука за Бензема

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Реал Мадрид ги задржува своите најважни играчи. По Дани Карвахал, време беше да ја продолжи соработката и со Карим Бензема.

Францускиот напаѓач ќе го продолжи договорот до 2023 година, што значи дека најверојатно ќе ја заврши кариерата во кралскиот клуб. Се уште ништо не е официјално, а веста во јавноста ја пренесе прилично доверливиот новинар, Мелхор Руиз.

Искусниот Французин на почетокот на месецот ја започна последната година од договорот, но Реал реши да го задржи, за разлика од Серхио Рамос и Рафаел Варан.

Бензема има 33 години. Тој дојде во Реал во 2009 година од Олимпик Лион. За Мадрид одигра 559 натпревари и постигна 279 голови.

Тој освои четири Лиги на шампиони, како и три национални титули.

Слични содржини