Филипче: Расте процентот на вакцинирани работници во градинките

од desk4
183 прегледи

Околу 60% од вработените во градинките се вакцинирани, а за два проценти помалку, околу 58 % се вкупно вакцинирани во секторот образование. Според министерот за здравство Венко Филипче секој вакциниран граѓанин не носи чекор поблиску до создавање на колективен имунитет а со тоа и враќање на животот во нормала

-Се надеваме дека до крајот на летото ќе имаме уште поголем процент на вакцинирани меѓу воспитно – образовниот кадар за да  можат децата од септември да се вратат на училиште, рече Филипче за К5 ТВ.

Според Филипче воведувањето на нови рестриктивни мерки ќе зависат од есенската епидемиолошката слика. Бројот на заболени расте, особено во Скопје и Тетово, рече министерот.

-Не знаеме со сигурност како ќе се одвива кризата, доколку има нов бран наесен размислуваме да воведеме нови ограничувања, влез во затворени простории ќе биде со задолжителен сертификат за вакцинација, рече Филипче.

За околу две недели ќе стартува и владина кампања со која ќе се подига свеста кај граѓаните за имунизацијата против Ковид 19.