Пожар во близина на летувалиштето Ксамил во Албанија

од Nikola Popovski
728 прегледи

Во близина на одморалиштето Ксамил во Албанија синоќа избувнал пожар, кој зафатил трева, ниска вегетација и шума на тежок пристапен терен.

Пожарникарите биле на терен, а локалните жители исто така учествувале во гаснењето на пожарот. Не постои опасност пожарот да ги зафати станбените згради во предградието на Ксамил, каде моментално летуваат многу странски туристи.

Албанските власти не издадоа предупредувања за можна опасност од пожар, пренесува МИА.

Поради високите температури, горат пожари во Грција, Турција, Италија и други делови од јужна Европа.