Министерството за внатрешни работи информира дека вчера од 14 до 20 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спровела засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес.
-Санкционирани се 93 возачи. 15 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од полицијата.
Тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.