Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева денес на прес-конференција изјави дека менувањето на концептот да нема говор на Мечкин Камен, по повод чествувањето на Илинден, е „срамен и недржавнички потег“.
-Претседателот Христијан Мицкоски традиционално ќе биде присутен во струшко Ташмаруништа. А, Пендаровски со овој потег ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден. Но кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег, рече Митева.
За првпат годинава нема да има говор од Мечкин Камен по повод празникот Илинден, а новина е исто што таму ќе биде претседателот Стево Пендаровски.
Како што велат од кабинетот на претседателот, чествувањето ќе биде после 18 часот за да можат да дојдат и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој според системот на ротација годинава треба да биде на одбележувањето на празникот во Скопје и премиерот Зоран Заев кој ќе биде во Пелинце.
-Нема да одржам говор. Мислам дека на народот му е доста од говори. Сакам да ја деескалирам вообичаената атмосфера на Мечкин Камен, која често е проследена со навреди кои повеќе разединуваат отколку што обединуваат“, рече вчера Пендаровски пред новинарите.