Се чини дека Северина накратко ги замени јадранските плажи со шпански. Имено, убавата сплиќанка на својот Инстаграм профил објави две фотографии од бар на плажа, од шпанската Форментера.
Судејќи според нејзиниот профил на Инстаграм, таа моментално ужива во хит дестинација, една од најмалите шпански острови.
Со широката насмевка и не крие колку ужива во медитеранскиот рај, а мора да се признае дека 49-годишната девојка изгледа одлично во опуштен стајлинг за на плажа.
View this post on Instagram
Тоа очигледно беше доволно за повеќе од 26 илјади лајкови за само неколку часа и еден куп комплименти под фотографиите.
„Како девојка, вистинска убавица, овде личиш на Ирина Шајк“, ѝ порачале нејзините верни следбеници на Инстаграм.